更多“一带一路”沿线商家来香港国际影视展寻觅商机
![]() | Оваа стати?а можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википеди?а. Ве молиме подобрете ?а оваа стати?а ако можете. |

Видеоигра (погрешно: видео игра, видео-игра;[1] множина: видеоигри) — електронска игра што вклучува заемноде?ствува?е со кориснички интерфе?с за манипулира?е слики прикажани на видеоуред.[2] Електронските системи користени за игра?е на видеоигри се познати како платформи, примери се личен сметач и играчките конзоли. Платформите варираат од големи сметачи до преносни направи. Порано популарните флипери (аркадни игри) денес се помалку се користат.[3]
Како влезни единици за управаву?е со видеоигрите се користат разни хардверски периферни единици. Ка? сметачите тоа на?често е глувче и тастатура, поединечно или во комбинаци?а, а пак ка? конзолите тоа се играчките контролери.
За поголемо заемноде?ствие со играта се користат и други сигнали покра? визуелниот, а тоа е звучниот сигнал што се создава со помош на звучен уред. Други начини за зголемува?е на заемноде?стви?ата е користе?е на вибрации преку играчките контролери.
Краток преглед
[уреди | уреди извор]Платформи
[уреди | уреди извор]Како платформи за видеоигри се користат разни уреди кои се и не се специ?ално наменети за видеоигри. Платформи кои на?често се користат за видеоигри се коп?утерите и играчките конзолите. Иако на сметачите, видеоигрите не им се специ?ална намена, тие се популарна платформа за нив. Играчките конзоли се направи првенствено наменети за игра?е видеоигри. За разлика од сметачите тие наместо монитор за прикажува?е на видео сигналот користат телевизор (со новите играчки конзоли постои можност и за користе?е монитор). Исто така се многу полесни за користе?е биде??и се специ?ално диза?нирани за игра?е. Покра? стандардните играчки конзоли кои користат телевизор за прикажува?е на сигналот, посто?ат и преносни играчки конзоли кои се со вграден екран и можат да се користат секаде благодаре??и на нивната мала големина. На?познати производители за играчки конзоли денес се Нинтендо, Ма?крософт и Сони. Во однос на тоа дали игрите излегуваат на една или истовремено на пове?е платформи се нарекуваат ексклузивни или пове?е-платформски игри. Иако сметачите се популарна платформа за видеоигри, денес во светот сè пове?е се користат играчките конзоли за оваа намена.[4] Посто?ат и други понепопуларни платформи кои не се првенствено наменти за видеоигри како на пример мобилните телефони и рачните сметачи (PDA).
Жанрови
[уреди | уреди извор]Видеоигрите може да бидат категоризирани во разни жанрови во зависност од пове?е фактори како начин на игра?е, цели на играта и др.

Како основни жанрови можат да се земат следниве:
- Акциони игри се видеоигри кои бараат од играчот користе?е рефлекси, прецизност, има?е осет за време со цел да се поминат разни препреки. Акционите игри се може на?популарни игри и се ме?у на?бро?ните. Акционите игри на?често се засноваат на борбени теми.
- Авантуристички игри или само авантури се еден од постарите жанрови за видеоигри. За разлика од филмовите во истиот жанр, авантуристичките игри не се дефинирани врз основа на нивната приказна или содржина, туку се одликуваат со начин на игра?е ко? не бара брзи рефлекси и нема акци?а. Тие бараат од играчот решава?е на загатки преку интеракци?а со разни ликови и средината, на?често на неконфротирачки начин.
- Игри со игра?е на улоги (англ. Role-playing games, скр. RPG) потекнуваат од класичните ИИУ кои се играле на харти?а. Во овие игри играчот е ставен во улога на еден или пове?е ликови (херои, авантуристи) кои се специ?ализираат во одредени способности (борбени, магионичарски, прикрадувачки и сл.) додека поминиваат низ одредена приказна. Често во ово? вид на игри играчите поминуваат низ разни градови, замоци, зандани, извршува??и епски задачи, боре??и се со непри?атели (често измислени суштества, пр. гоблини, зме?ови...) и собира??и разни богатства кои ?е им помогнат во текот на играта.
- Стратешки игри или само стратегии се фокусирани на начин на игра?е ко? бара вешто размислува?е и внимателно планира?е со цел да се постигне победа. Во овие игри на играчот му е доделена еден вид на бож?а перспектива контролира??и ги единиците што се под негова команда.
Покра? овие основни видови жанрови денеска со разво?от на видеоигрите и технологиите што ги поддржуваат, посто?ат разни хибридни-жанрови како на пример акционите-авантури кои инкорпорираат елементи и од акциите и авантурите. Исто така се по?авуваат и разни под-жанрови, а како доста карактеристичен и денес популарен под-жанр се сметаат масовните семрежни игри (англ. massively multiplayer online games скр. MMO), а посебно масовните семрежни игри со улоги (англ. massively multiplayer online role-playing games, скр. MMORPG) кои се играат од ил?адници играчи истовремено, а се резултат на разво?от на семрежната технологи?а и брзиот пристап.
Видови
[уреди | уреди извор]Видеоигрите се примарно наменети за забава. Но некои се правени (барем делумно) за друга намена. Овие вклучуваат рекламни игри, образовни игри, игри за пропаганда и други.
Развива?е
[уреди | уреди извор]Развива?ето на видеоигри, како и други гранки на забавната индустри?а, претставува мулти-дисциплинска активност. Таа вклучува вработени од полето на програмира?е и графички диза?н, но во поново време и вработени од други профили како музичари, звучни диза?нери и други, кои се управувани од продуценти.
Модификации
[уреди | уреди извор]Сметачките видеоигри се често правени со можноста кра?ните корисници да прават одредени модификации. Овие модификации (популарно модови) се прават со посебни алатки доставени во самата игра од страна на производителите. Ваквите модови и даваат на играта дополнителна длабочина со што се зголемува корисночката вредност за потрошувачот.
Маме?е
[уреди | уреди извор]Маме?ето во видеоигрите може да биде со внесува?е на мамечки шифри кои се вградени од производителот на играта,[5][6] модифицира?е на кодот на играта од страна на трети лица,[7][8] или по пат на експлотира?е на софтверска грешка од страна на играчите.
Грешки
[уреди | уреди извор]Софтверските грешки недетектирани од страна тестерите може да се на?дат во кра?ната верзи?а на играте. Ова може да се случи биде??и грешката се случува во посебни услови, била незнача?на, или биде??и производителите брзале со разво?от за да стигнат со издавачки рок. На?често производителите издаваат надградби на игрите со кои се надминуваат евентуалните грешки
Општествени гледишта
[уреди | уреди извор]Демографи?а
[уреди | уреди извор]Според истражува?е направено во САД за индустри?ата на видеоигри, просечната старост на "видеоиграчите" изнесува 35г., а за половата структура ко?а порано се сметаше главно машка, истражува?ето покажува дека дури 40 % од играчите припа?аат на женскиот пол.[9] Кога би се споредила индустри?ата за видеоигри денес со пред 20 г., би се видело дека денес жените и многу возрасни, сè пове?е би користеле производи од оваа индустри?а. Додека пазарот за тине??ери и возрасни, млади мажи е с? уште силен, другите пазарни сегменти се тие кои покажуваат значаен раст.
Видеоигри со пове?е играчи
[уреди | уреди извор]Видеоигрите од нивното постое?е се сметале за соци?ално искуство. Од раните почетоци видеоигрите биле играни од пове?е него еден играч. Видеоигри со пове?е играчи (англ. multiplayer video games) се оние игри кои дозволуваат играчите дали кооперативно или противнички, да бидат играни со помош на пове?е влезни единици, или доколку играта дозволува пове?е играчи да користат иста влезна единица. Играчките конзоли отсекогаш биле правени да можат да поддржат пове?е играчки контролери. Некои биле во можност да поддржат 2, 4 или дури до 12 контролери истовремено со помош на дополнителни уреди, како мултитап.
Семрежните игри, како резултат на разво?от на семрежната технологи?ата дозволуваат 32 или пове?е играчи да играат истовремено, понекогаш вкулчува??и можност за гласовен и текст разговор. Масовните семрежни игри (MMO) овозможуваат екстремно висок бро? на играчи да играат истовремено; Ив Онла?н (англ. Eve Online) играта постави рекорд со нешто под 33,000 играчи истовремено на еден опслужувач.[10]
Полза
[уреди | уреди извор]Покажано е дека играчите на акционите видеоигри имаат подобрена "визиомоторика", како на пример добра сосредоточеност и отпор кон одзема?е на вниманието, подобро странично гледа?е, како и способност да бро?ат брзо претставени предмети.[11] Ваквите способности може да бидат постигнати преку вежба?е со акциони игри, но не и со игри кои бараат сосредоточеност на еден предмет. Исто така било и споменувано дека игра?ето сам или преку семреж?ето може да помогне во некои душевно здравствени потешкотии.
Стивен ?онсон во сво?ата книга, Се Лошо е Добро За Тебе (англ. Everything Bad Is Good For You), вели дека всушност видеоигрите бараат далеку пове?е способност од играчите отколку традиционалните игри како Монопол. За да ?а искуси играта, играчот треба на?прво да ги дознае не?зините цели, а потоа и како да ги постигне. Потоа треба да ги научи не?зините контроли и како работи корисничкиот интерфе?с, вклучува??и ги мени?ата и индикаторите за состо?ба (англ. Heads-Up Display скр. HUD). Покра? овие способност, кои после некое време се земаат здраво за готово од страна на играчите, видеоигрите бараат играчите да се снао?аат во високо сложен систем со многу променливи. Ова бара високи аналитички способности, подвижност и способност за брзо прилагодува?е. Спротивно од мисле?ето дека видеоигрите даваат моментално задоволство без труд, тие го одложуваат далеку пове?е од други облици на забава како филмовите па дури и книгите.[12]
Спорност
[уреди | уреди извор]Како и другите блиски медиуми, видеоигрите се предмет на чести спорови и цензури, поради нивното покажува?е на графичко насилство, сексуални теми, зема?е на дрога, алкохол, пуше?е цигари, во некои игри. Ме?у другите, како критичари на видеоигрите се ?авуваат родителски групи, политичари, религиозни групи и др. групи од ваков тип. Разни игри се обвинети дека предизвикуваат зависност па дури и насилно однесува?е. Цензурира?ето на видеоигри се определува како користе?е на државна или групна мо? за контролира?е на игра?ето, дистрибуци?ата, продажбата, или купува?ето на видеоигри. Цензирира?ето на видеоигри е спорна тема. Поддржувачите и противниците на ваквото цензурира?е често реагираат мошне страсно со нивните поединечни ставови.
Разни национални организации за оценува?е на содржина, како ESRB во Северна Америка, рангираат софтвер за одредени старосни групи и даваат содржински предупредува?а. Родителите не се секогаш свесни за постое?ето на ваквите организации.[13]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Правопис на македонскиот ?азик (II. изд.). Скоп?е: Институт за македонски ?азик ?Крсте Мисирков“. 2017. стр. 59. ISBN 978-608-220-042-2.
- ↑ video game definition from answers.com
- ↑ ?видеоигра“ — Дигитален речник на македонскиот ?азик
- ↑ ?Is PC gaming dying? Or thriving?“. Архивирано од изворникот на 2025-08-04. Посетено на 2025-08-04.
- ↑ In Game World, Cheaters Proudly Prosper
- ↑ Cracking the Code: The Konami Code
- ↑ Video Game Cheats and Codes - What Are Cheat Codes?
- ↑ Why Use Cheats and Codes for Console and PC Games?
- ↑ ?Survey: Average U.S. Gamer Age is 35; 40% are Women“. Архивирано од изворникот на 2025-08-04. Посетено на 2025-08-04.
- ↑ A New PCU Record - Close to 33,000 Users
- ↑ Action video game modifies visual selective attention
- ↑ Brain Candy: The New Yorker
- ↑ Grand Theft Auto Makers Sued By LA Attorney For Hidden Porn
|